Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 92.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.0 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 14.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 2.4 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на периодот
јануари – септември 2023 година, изнесува 95.8.

Можеби ќе ве интересира...

Се повлекуваат од продажба кексички со прелив и колачи – АХВ со важно соопштение

BiznisPRO

Една од најголемите компании со ниски цени во САД на работ на банкрот: Spirit Airlines се затвора

BiznisPRO

Нови цени на горивата – едни поскапија, други поевтинија

BiznisPRO