Дизелот поевтинува – Ова се новите цени на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.08.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Се зголемува бројот на СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ во Хрватска: До крајот на април годинава одобрено вработување на повеќе од 70.000 лица

BiznisPRO

Се повлекува производ од рафтовите поради присуство на цијановодородна киселина, ако сте го купиле веднаш вратете го!

BiznisPRO

Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“, проект на ЕВН Македонија

BiznisPRO