Дизелот во Македонија е поевтин за 62 динари (околу 30 денари) од Србија

Цената на нафтата брент вчера изнесуваше 82,312 долари, додека на некои други видови црно злато се движеше околу 77 долари, што е пад во однос на крајот на минатата недела. Тој пад не е причина што цените на горивата во Србија од денеска се пониски за два или три динари по литар пишува Политика.

Во секој случај, на пумпите во Србија, литар евро дизел ќе се продава за два динари поевтино во следните седум дена – 203, а литар бензин за три динари пониски – 199 динари. И со овие пониски цени, Србија е речиси на врвот по цените на бензините, веднаш по Грција и Албанија, каде што чини 231, односно 199 динари, додека дизелот во Грција е 226 динари, а во Албанија 219 динари.

Најевтиниот бензин во БиХ е 155,2 динари, што е за 43,8 динари поевтино од кај Србија, додека во Бугарија се продава за 160,8 динари, односно за 38,2 динари поевтино од Србија.

Дизелот во Северна Македонија е поевтин отколку во Србија каде што се продава 141,6 динари, што е за 61,4 динари поевтино.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ со одлука: Поевтинуваат сите горива

BiznisPRO

Регулаторна со одлука: Поевтинуваат и бензинот и дизелот

BiznisPRO

Нова цена на горивата во Македонија

BiznisPRO