Доаѓаат пари: До крајот на декември по најмалку 12.740 денари на сметката на секој вработен во приватниот сектор

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15.

Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 12.740 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од минимални 12.740 денари па нагоре. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

BiznisPRO

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

BiznisPRO

Превентивно се повлекуваат Киндер-производи, соопшти Агенцијата за храна

BiznisPRO