Доаѓањето на ЛИДЛ во Македонија ќе го разбие монополот на некои ланци маркети: Погледнете какви се цените во Србија на млечните производи

Сите со нетрпение го очекуваме ЛИДЛ во Македонија. Веќе е јасно дека поради скапите цени во многу од македонските маркети кои држат монопол голем број од граѓаните на пограничните места пазарат во Грција или Србија. Деновиве бевме и затекнати од ненајавеното зголемување на млечните производи од страна на одредени македонски компании, но тоа би станало минато доколку би се развила сериозна конкуренција.

Какви се цените во соседството?

Од четврток, 17 август, Lidl Србија воведува долгорочни пониски цени во својата внимателно избрана палета на производи. Тоа значи дека редовните цени на одредени производи ќе имаат пониска сума уште долго време, бидејќи покрај тоа што секогаш нуди асортиман на храна со најдобар сооднос цена-квалитет, Лидл инвестира и за да им обезбеди на своите потрошувачи уште повеќе поволно купување.

Меѓу избраните производи, во првата недела на 17 август ќе најдете јогурти со пониска цена. Редовната цена на јогуртот Пилос отсега ќе биде 23,99 динари за 180 грама (12 денари), 109,99 динари (55 денари) за 1 литар со 0,5% млечни масти, додека за 1 литар со 1,5% млечна маст ќе плаќаме 114,99 динари (57 денари). Литар јогурт Шумадија од категоријата Со љубов, домашен, од 2,8% м.м. ќе чини 129,99 динари (55 денари), додека истата мерка за 4% м.м. чини 144,99 динари (72 денари).

Лидл постојано го поддржува куќниот буџет на своите потрошувачи, па така следната недела на листата на производи со пониски редовни цени ќе се додадат и нови производи – тестенини на долг рок. Во следните недели пониски цени ќе донесат и чоколади Fin Carré и производи од свежата пекара на Lidl. Овој модерен синџир со попусти гарантира уште поповолно купување, се вели во соопштението на познатиот маркет кој со нетрпение го очекуваме да го отвори и својот прв маркет во Македонија.

извор Centar.mk

Можеби ќе ве интересира...

„Голдман Сакс“: Европа ќе го дочека крајот на зимата со поголема понуда на гас отколку што очекувавме

BiznisPRO

Државата ќе дели пари: Ученици, студенти, пензионери, самохрани родители подгответе се за помош од државата

BiznisPRO

Прехранбената компанија пропаѓа: Полиците се празни

BiznisPRO