• јуни 9, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години

Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години

Вчера, 8 јуни, приватната болница Неуромедика го прослави на највисоко ниво јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости. Настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје. Свое обраќање имаше и сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски, кој лично им се заблагодари на присутните за присуството на овој голем настан и се осврна на предизвиците со кои се соочувала компанијата во изминатите 30 години, а истовремено го изрази своето уверување дека успесите на компанијата ќе продолжат и во иднина.

“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да биде она што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски, сопственик и Генерален менаџер на Неуромедика.
30 годишното искуство и опстојување на пазарот е доказ за успешната приказна на Неуромедика. Со континуирана посветеност кон своите клиенти, но и вработени, постојано вложување во модерна и современа опрема, оваа компанија успева да се одржи на врвот на македонското здравство.

Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија, основан како семеен бизнис од семејството Угриновски во месец јуни далечната 1992г. Она што на стартот била една скромна приватна амбуланта од двајца лекари и една медицинска сестра, за брзо време прераснала во национална поликлиника со повеќе специјалности и со модерни, напредни медицински услови и апаратури.

Под водство на Д-р Емил Угриновски, Неуромедика веќе во раните 2000-ти години била распространета низ целата наша држава со поликлиники и дијагностички центри во шест градови, па дури и со два дијагностички центри во земја од ЕУ, односно во Р. Грција.

Најголемо достигнување во развојот е изградбата и отворањето на болницата Неуромедика во 2017 година која е инвестиција од 8 милиони евра од сопствен, домашен капитал. Болницата е изградена по највисоки медицински стандарди и е опремена со најсовремена апаратура. Во неа работи тим од над 120 лица, составен од еминентни лекари професори, хирурзи, специјалисти, искусен и посветен помошен медицински кадар, административен персонал и менаџери.

На настанот присуствуваа огромен број на гости од земјава и странство, меѓу кои познати, еминентни доктори, медицински лица, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот, пријатели и соработници на компанијата.

На свечениот настан награда за животно дело му беше доделена на нашиот најпознат неврохирург Проф. Д-р Јовица Угриновски, за неговата идеја, реализација и посветеност кон развојот на Неуромедика. Неговиот придонес во здравството е неизмерно, а бројот на пациенти на кои со своето знаење и искуство им помогнал е огромен.

Пациентите и нивното здравје секогаш се во главен фокус на Неуромедика, па затоа оваа компанија несомнено и во иднина ќе биде во врвот на македонското и регионално здравство.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…