• ноември 21, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Добра вест: Значително поевтинуваат бензинот и дизелот

Добра вест: Значително поевтинуваат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 % во однос на одлуката од 18.11.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,907%, кај дизелот за 2,173%, кај екстра лесното за 2,145% и кај мазутот намалувањето е за 3,096%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,438 ден/кг и сега ќе изнесува 44,524 ден/кг. Од 22.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) Мазут М-1 НС
88,50 (денари/литар) 90,50 (денари/литар)
90,00 (денари/литар) 85,50 (денари/литар) 44,524 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Поврзани соддржини

Среќна вест: Драстично намалување на цените на дизелот и бензините

Среќна вест: Драстично намалување на цените на дизелот и…

Според информациите дизелот поевтинува за 5 денари, Еуросупер БС-95 ќе се намали…
Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември…

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември…
Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за…
ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство

ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата…

ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи…
Новогодишна понуда на А1

Новогодишна понуда на А1

Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business…
НБРМ: Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал од 2022 година

НБРМ: Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал…

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи…
Падна одлука: Ново поевтинување на горивата

Падна одлука: Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична…

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата…
РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во…
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45.…

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот…
ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија…

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на…
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве кој ќе добие 3.000 денари месечна помош

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве…

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството…