Доларот нагло падна: еврото зајакна по пораките од ЕЦБ и ФЕД дека каматните стапки наскоро би можеле да се намалат

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, додека еврото зајакна по пораките на американските и европските централни банки дека наскоро би можеле да започнат со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела падна за 1,1 отсто, на 102,74 поени.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута падна за 0,9 отсто, па цената на еврото достигна 1,0940 долари.

Доларот ослабе и во однос на јапонската валута, за 2,1 отсто, па неговиот курс се лизна на 147,05 јени.

Во фокусот на инвеститорите беше минатонеделниот извештај на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот за економската состојба.

Тој рече дека челниците на централната банка сакаат да бидат сигурни дека инфлацијата ќе продолжи да слабее кон целното ниво од 2 отсто пред да одлучат за намалување на каматните стапки и дека оваа одлука е се поблиску.

Коментарите на Пауел ги зајакнаа пазарните очекувања дека ФЕД може да започне со намалување на каматните стапки во јуни.

Иако се очекува дека Европската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки, еврото минатата недела зајакна во однос на американската валута.

На состанокот во четвртокот, лидерите на Европската централна банка ги оставија каматните стапки непроменети на рекордно високи, како што се очекуваше, но сигнализираа дека можеби ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки во јуни.

Јапонската валута најмногу зајакна во однос на доларот минатата недела.

Ова е благодарение на сигналите од јапонската централна банка дека наскоро би можела да ги укине негативните каматни стапки и да започне со нормализирање на монетарната политика, по години на исклучително приспособлива политика.

Можеби ќе ве интересира...

Отворена фабрика за литиум во Германија – прва од ваков вид во Европа

BiznisPRO

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

BiznisPRO

„Фолксваген“ го запира производството во Русија и го прекина извозот

BiznisPRO