Доларот зајакна, цените на нафтата пораснаа

Американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Но, таа е на пат кон загуба оваа недела од околу 0,5 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,80 долари.

Можеби ќе ве интересира...

ММФ: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

BiznisPRO

Банката на Јапонија ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO

ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА Амазон во аквизиција тешка 8,5 милијарди долари

BiznisPRO