ММФ: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

Вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места ширум светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други, па затоа е потребна внимателно избалансирана политика за да се искористи нејзиниот потенцијал, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа на блогот на ММФ напиша дека сме на работ на технолошка револуција која би можела да ја зголеми продуктивноста, да го поттикне глобалниот раст и да ги зголеми приходите ширум светот, но посочи дека вештачката интелигенција може да ги замени и работните места и да ја продлабочи нееднаквоста.

Георгиева посочува дека ќе треба да се смисли сет на политики за безбедно да се искористи огромниот потенцијал на вештачката интелигенција за доброто на човештвото.

Можеби ќе ве интересира...

Првите три се во Европа: Ова се земјите со најдобар пензиски систем

BiznisPRO

ЕУ губи околу еден милион работоспособни жители годишно поради стареењето на населението

BiznisPRO

Продолжување на трговската војна: Американците го блокираа увозот на „ауди“ и „порше“ поради кинески делови

BiznisPRO