Продолжување на трговската војна: Американците го блокираа увозот на „ауди“ и „порше“ поради кинески делови

Илјадници луксузни автомобили на германските марки „Ауди“ и „Порше“ се запрени пред пристаништата во САД поради царинска проверка на делови од кинеско производство.

Двете марки припаѓаат на германскиот автомобилски гигант Фолксваген и вклучуваат делови направени од неговите добавувачи во Кина, вклучително и провинцијата Ксинџијанг, која американските власти ја обвинуваат за наводно кршење на правата на ујгурското малцинство.

Проблемот е малата кинеска електронска компонента во контролната единица, која ќе биде заменета веднаш штом се достапни потребните делови, велат од Volkswagen.

Според германскиот деловен весник „Ханделсблат“, оваа „проблематична“ компонента е вградена во 13.000 нови автомобили на марките „Ауди“ и „Порше“, и на британската луксузна марка „Бентли“.

„Фајненшл тајмс“ објави дека компонентата е произведена во западна Кина и не може да се користи во САД поради прописите за „не принудна работа“.

Од „Фолксваген“ се правдаат дека не знаеле каде е произведена компонентата, бидејќи добавувачот ја вградил во поголема компонента.

Медиумите заклучуваат дека сето тоа се случува како дел од трговската војна на САД против Кина.

Можеби ќе ве интересира...

Европејците стануваат посиромашни

BiznisPRO

Паника на светските берзи: Општа распродажба

BiznisPRO

Зошто Саудиска Арабија увезува огромни количества песок?

BiznisPRO