Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна минатата недела, најмногу во однос на јенот, иако јапонските власти се закануваат со нови интервенции доколку јенот продолжи да слабее.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,2 отсто, на 105,30 поени.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,1 отсто, па цената на еврото се искачи на 1,0770 долари.

Сепак, доларот зајакна во однос на јапонската валута, за 1,8 отсто, па неговиот курс достигна 155,75 јени.

Иако јапонските власти продолжуваат да предупредуваат дека ќе интервенираат доколку јенот продолжи да слабее, доларот значително зајакна во однос на јапонската валута минатата недела. Сепак, неговиот девизен курс е далеку под 160 јени, највисокото ниво во последните 34 години, кое го достигна неодамна, пред јапонската централна банка да интервенира на пазарот.

Доларот зајакна бидејќи се очекува повисоката инфлација да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво подолго од очекуваното.

Можеби ќе ве интересира...

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

BiznisPRO

Колку ќе чини еврото, а колку доларот во понеделник – Курсна листа за 12-ти мај 2025

BiznisPRO

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

BiznisPRO