Драстичен скок на цените на горивата – Ова се новите цени

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 9,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 8,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС во денешната одлука е иста со малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.05.2022 година, односно цената на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Продавниците ќе може да работат за Нова Година, Божиќ и Бадник

BiznisPRO

Собранието донесе Одлука за прераспределба на неискористени буџетски средства

BiznisPRO

Нуклеарната енергија се враќа повторно на голема врата

BiznisPRO