ЦЕНОВЕН ШОК: Дали ќе има казни за фирмите кои профитираат на грбот на граѓаните?

Бектеши е незадоволен од работата на Комисијата за заштита на Конкуренцијата која според него не сторила ништо за да ги спречи поскапувања па затоа ги повика да излезат на терен и да прават контроли бидејќи досега немаат ниту една преставка.

„Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза. Комисијата треба да ги разгледа и другите аспекти – од национален интерес, на одредени компании каде имаше заложба да вршат јавна услуга, а излегуваат во 5 до 12 со став дека ќе ги остават граѓаните без јавни услуги. Такво однесување без да се преземе мерка од Комисијата, во некоја држава не верувам дека може да се случи“, рече министерот Бектеши.

Доколку има потреба мерки ќе се воведат а доколку се утврди дека трговците манипулираат со цените можно е да има и забранат за работа.

„Треба да имаме конкретни анализи каде се случува поскапувањето – дали во синџирот на трговијата или има нови цени формирани од страна на производителите. Во делот на одредени производи ние сме повеќе зависни од увоз и таму не можеме да имаме никакво влијание. За домашните производи секако дека имаме механизми и такви механизми веќе имплементираме. Производствените компании во земјава добиваат милионски суми како директна финансиска поддршка од Владата годишно за секоја инвестиција и да се книжат и тие грантови што ги добиваат во формирање на производните цени за мене е неприфатливо. Кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања на цените, кои не се основани, во согласност со првичните информации што сум ги добил денеска, ако има здружување на одредени сектори, јас сум за да се оди и на Законот за заштита на потрошувачите, каде што се предвидени и поригорозни мерки, а ги знаете кои се поригорозните мерки. Таму има и забрана за вршење дејност“, изјави Бектеши.

Засилени инспекции и ажурни иснпекциски служби е нешто на што алрамираше министерот за економија.

„ Да не постапат институциите во вакви кризи само со пријави или најави на потрошувачи или ќе излезе нешто во медиуми и потоа прават контроли. Обврска на институциите што треба да направат инспекциски надзор е да контролираат и да прават редовни инспекциски надзори согласно програмите на неделно, месечно, годишно ниво. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитвни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка“, рече Бектеши.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапуваат горивата – Ова се новите цени

BiznisPRO

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата

BiznisPRO

Бесими: Задолжувањето од 600 милиони евра ќе биде според планираното во Буџетот за 2022

BiznisPRO