фото Бизниспро

ЕБОР го презентира водечкиот Извештај за транзицијата во Скопје Изданието за 2024-2025 година со наслов: ,,Навигација во индустриските политики”

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), најголемиот индустриски инвеститор на Западен Балкан, го претстави водечкиот Извештај за транзицијата 2024-2025: Навигација во индустриските политики

Госпоѓа Анита Ангеловска Бежоска, Гувернер, Народна банка на Република Северна Македонија, имаше воведен говор на настанот, по кој следеше обраќањето на Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, Фатих Туркеменоглу, кој зборуваше за активностите на Банката во земјата. Питер Табак, Помошник Директор, Главен регионален економист во ЕБОР го презентираше преглед на економскиот развој во Северна Македонија и на Западен Балкан, а Жока Коцан, Помошник Директор, Главен Економист во Одделот за влијание на транзицијата и глобални економии при ЕБОР, го презентираше изданието на извештајот за 2024-2025 година.
Овогодишниот извештај се фокусира на индустриските политики во регионите каде ЕБОР има резидентни канцеларии и вон нив. Ваквите политики бележат оживување, и напор да се справат со неуспесите на пазарот, како што е деградација на животната средина. Нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политички економски услови и растечките геополитички тензии. Иако индустриските политики обично се применуваат во економиите со повисоки приходи, тие се користат почесто и во економиите со помал административен и фискален капацитет за нивно спроведување. Извештајот дава детален опис на индустриските политики во регионите каде ЕБОР има активности, но и пошироко, користејќи неколку нови бази на податоци. Тој нуди неколку принципи кои можат да ги зголемат шансите за успех. Целосниот извештај може да се превземе тука.

Госпоѓа Анита Ангеловска Бежоска, изјави: ,,Слободните економски зони, како основна алатка на индустриската политика, одиграа позитивна улога во привлекувањето на странските претпријатија, создавањето на работни места и зголемувањето на продуктивноста во македонската економија. Тие привлекле над 1 милијарда евра во кумулативни директни странски инвестиции во изминатата деценија, сочинуваат околу 50% од вкупниот извоз и претставуваат резиденти на некои од најпродуктивните фирми во земјата. Очигледно е дека овие компании , согласно проценките на Народна Банка , имаат позитивни ефекти врз билансот на плаќања, генерирајќи нето девизен прилив од 17,8% од БДП во периодот 2014-2023 година. Но, придобивките можат да бидат поголеми ако трансферот на знаење, технолошката дифузија и врските помеѓу странските инвеститори и локалните бизниси се зајакнат. Моментално се проценува дека фирми кои работат во зоните користат само околу 10% од нивните потреби, од македонските локални претпријатија.”

Фатих Туркменоглу изјави: ,,Северна Македонија направи импресивен чекор во нејзината зелена транзиција, развој на инфраструктура, и зголемување на пристапот до финансии за деловните активности и поединците. Овие постигнувања ја рефлектираат силата на нашето партнерство со локалните акционери, донатори и приватниот сектор. Стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија за периодот 2025 – 2030 година која беше усвоена овој месец, има јасни приоритети за регионалната интеграција, одржливата инфраструктура и зајакнување на поконкурентна и инклузивна економија. Како е истакнато во Извештајот за транзицијата 2024-2025 година Навигација во индустриските политики, истите може да играат критична улога во обликување на долгорочната конкурентност и отпорност на земјата. Во Северна Македонија, нашите инвестиции се стремат кон креирање на значајни можности кои ги охрабруваат луѓето да ја градат нивната иднина дома, преку поддршка на инклузивен раст и помош во справување со демографските предизвици. Јас сум оптимист за иднината и посветен сум во испорачување на уште поголемо влијание во годините кои следат.”
ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

Можеби ќе ве интересира...

Германската економија е парализирана

BiznisPRO

Кафето станува се’ поскапо

BiznisPRO

Го достигна максимумот: Цената на храната расте на светско ниво

BiznisPRO