ЕБОР одобри ЕУР 26,4 милиони кредит на Македонскиот електропреносен систем оператор

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ до ЕУР 26,4 милиони на Македонскиот електропреносен систем оператор А.Д. (МЕПСО), операторот на преносниот систем на електрична енергија во државна сопственост во Северна Македонија.

Кредитот ќе се користи за финансирање на изградба на 400/110 kV под-станица блиску до Милетково и нова 110 kV преносено поврзување со далновод, како и рехабилитација на постоечкиот 10 kV далновод и под-станиците во и помеѓу Милетково, Валандо и Струмица. МЕПСО развива и центар за обука за оператори со високо-волтажна мрежа и други секторски специјалисти.

Проектот добие ЕУР 7,6 милиони инвестициски грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (Western Balkans Investment Fund) и ЕУР 0,5 милиони грант од Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен (Climate Investment Fund Accelerating Coal Transition). Вкупната вредност на проектот ќе биде ЕУР 34,5 милиони.

Финасирањето ќе му помогне на МЕПСО да ја подобри електро-преносната мрежа во југо-источниот регион на Северна Македонија. Овој проект е круцијален, бидејќи ќе овозможи поврзување на 1,2 GW на нови обновливи извори на енергија во југо-источниот регион, каде воглавно има ветерници, со што значајно ќе се унапреди зелената транзиција на земјата и ќе се забрза преминот од користење на јаглен како енергенс. Проектот се очекува да ги намали загубите на енергија, за околу 14.5 GWh годишно. МЕПСО ќе отвори и центри за обука за операторите со високо-волтажна мрежа, во југо-западниот регион, кој е зависен од употреба на јаглен, кој ќе им користи на вработените во МЕПСО, но и на други работници врз кои влијае транзицијата кон зелена енергија.

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Господин Жуди Кока, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор, МЕПСО го потпишаа договорот за кредит за време на посетата на Претседателката на ЕБОР во Скопје. На потпишувањето беше присатна и Министерката за енергија, рударство и минерали, Сања Божиновска и Неговата Екселенција Амбасадарот Дејвид Гир, Претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија.

Одил Рено-басо изјави: ,,Ми претставува задоволство што го потпишувам овој кредит од ЕУР 26,4 милиони на МЕПСО. Би сакала да истакнам дека ова е проект со големо значење. Со намалување на загубите во преносот на електрична енергија за 14.5 GWh и намалување на емисиите на јаглероден диоксид, за над 8.000 тони годишно, проектот ќе го трансформира енергетскиот пејсаж на Северна Македонија. Тоа што е уште поважно, ќе овозможи поврзување до 1,2 GW дополнителни обновливи извори на енергија во Северна Македонија, што е значаен исчекор од постоечкиот капацитет, од само 100 MW, поддржани од застарените под-станици во југо-источниот регион. Покрај овие бенефити, проектот ќе го зајакне развојот на човечкиот капитал. Овој центар ќе се фокусира на обука на операторите во електро-преносната мрежа, со акцент врз заедниците кои се погодени од транзицијата од користење на јаглен. Ќе се осврне и на експертизата во енергетскиот сектор, и ќе овозможи стекнување на вештини за во иднина. Проектот ќе вклучи и поддршка за развој на мастер план за мрежата, кој ќе ги идентификува главните инвестиции во мрежата, кои се неопходни за развој на нови обновливи извори на енергија и ќе осигура непречена транзиција кон зелената енергија.”

Господин Жуди Кока, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор, МЕПСО изјави: ,,Капацитетот на преносната мрежа околу ТС Валандово за интеграција на обновливите извори на енергија во моментов е лимитиран на околу 100 MW. По комплетирање на проектот за Зајакнување на преносната мрежа во југоисточниот регион, капацитетот за интеграција на нови ОИЕ ќе зголеми на над 1000 MW. Со помош на овој заем од ЕБОР и грантовите од Western Balkan Investment Framework и од CIF Climate Investment Funds, ќе се даде дополнителен инпут во процесот на интеграција на обновливите извори на енергија во националниот преносен систем со кој оперира и управува АД МЕПСО.”

Сања Божиновска, Министерката за енергија, рударство и минерали, изјави: Ми претставува особено задоволство што денеска се создаваат предуслови за реализација на капитален енергетски проект во делот на домашната електро преносна мрежа. Станува збор реконструкција на 110 киловолтниот далновод Валандово-Струмица и изградба на нова трафостаница од 400/100 киловолти во селото Милетково, во близина на Гевгелија. Реализацијата на овој проект ќе овозможи дополнително зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО во југоисточниот дел од земјава, со што значителното ќе се намалат загубите на електрична енергија и ќе се зајакне стабилноста и доверливоста на мрежата, директно придонесувајќи за квалитетна интеграција на дополнителен број електрани од обновливи извори на енергија на мрежата на македонскиот електропреносен оператор. Еден од приоритетите во енергетиката на оваа Влада е зајакнување на електро преносните капацитети преку реконструкција односно ревитализација на постојните далноводи.

Неговата Екселенција Амбасадарот Дејвид Гир, Претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија, истакна : ,,Без пренос на електрична енергија нема транзиција. Заради ова, инвестирањето во далноводи и умни мрежи е круцијално за развој на декарбонизацијата и реализација на зелената агенда во Северна Македонија. Горди сме на Тимот Европа, кој со ЕУР 26,4 милиони кредит од ЕБОР и ЕУР 7,6 милиони инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ, ја поддржува земјата во овие напори. Со оваа поддршка, Владата и државната компанија МЕПСО, ќе можат да обезбедат лимитираните капацитети на мрежата да бидат зголемени, а инвестирање во рехабилитација и изградба на нови линии, ќе ја апсорбира енергијата која треба да се произведе во земјата. ”

ЕБОР е клучен партнер на МЕПСО, и до сега има инвестирано во повеќе круцијални проекти. Тука спаѓа проектот за поврзување на Северна Македонија со Бугарија и Албанија , како и рехабилитација на високо-волтажната мрежа во најголем дел од земјата. Силната соработка на МЕПСО се гледа и во поддршката на акциониот план за корпоративното управување, и капацитетот за градење на функциите на набавка.

ЕБОР е главен иституционален инвеститот во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,8 милијарди во 190 проекти во земјата.

Можеби ќе ве интересира...

Познатата минерална вода „Књаз Милош“ во рацете на чешка компанија

BiznisPRO

Нова цена на горивата – РКЕ пред одлука

BiznisPRO

Добра вест: Поевтинуваат бензините

BiznisPRO