Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа. Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа.

Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети старите столбови и проводници, како и инсталирани нови далечински уреди за мерење на нови локации.

Вкупната вредност на инвестициите за овој период изнесува 10,4 милиони евра, додека дополнителни 2 милиони евра се планирани до крајот на 2025 година. Со овие инвестиции, Електродистрибуција ја зајакнува дистрибутивната мрежа и поставува уште постабилна основа за понатамоштен развој на енергетскиот систем.

Можеби ќе ве интересира...

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како да се преживее?

BiznisPRO

Колку чинат девизите денеска – Погледнете ја најновата курсна листа

BiznisPRO

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

BiznisPRO