Свет

ЕУ ПОДГОТВУВА НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА СТРУЧНИ КАДРИ – Производството и енергетиката меѓу приоритетните сектори

Европската комисија на 5 ноември претстави нова стратегија за стручно образование и обука, насочена кон модернизирање на практичните вештини што им се потребни на компаниите.

Стратегијата ги издвојува секторите со значителна побарувачка за квалификувани работници, меѓу кои се енергетиката, производството, здравството, одбранбената индустрија и градежништвото. Посебно внимание се посветува на современите технологии и подобрата подготовка на работната сила.

Иницијативата претставува европска политичка и образовна рамка, а не веќе распределени средства на конкретни компании. Нејзиното спроведување ќе бара дополнителни активности од европските и националните институции.