ЕВН Македонија и годинава го објави „ЛОСТ“ – отворен е конкурсот за студенти од семејства со ниски примања

Во рамки на активностите за унапредување на различностите, правичноста и инклузијата, ЕВН Македонија повторно ја објави програмата за стипендии „ЛОСТ“. Целта на програмата е стипендирање на студенти и студентки кои имаат ниски месечни семејни приходи, а се запишани на електротехничките факултети во земјава.

На распишаниот конкурс може да аплицираат студенти и студентки кои ги исполнуваат следните услови: по прв пат да се запишани во I, II, III и IV година, во учебната 2024/2025, зимски семестар; да се од семејствa со ниски месечни семејни приходи и да не се корисници на друга стипендија или кредит.

Преку конкурсот на програмата „ЛОСТ“, ЕВН доделува по 10.000 денари месечно за секој избран стипендист и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој. 

Аплицирањето е во тек, а повеќе информации студентите може да најдат на веб-страницата на ЕВН Македонија или на линкот https://evn.mk/Downloads/Career/Nov-oglas-Stipendii-2024-2025-so-izjavi.aspx

Сите заинтересирани, своите прашања и апликации може да ги испратат електронски на esg@evn.mk.

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција  без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кадидатот и кандидатките.

 

Можеби ќе ве интересира...

АТС ГРOУП ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ИЗГРАДБА НА НОВА ФАБРИКА ЗА МАЛОКАЛИБАРСКА МУНИЦИJА ВО ТЕКСАС, САД

BiznisPRO

Вработените на ЕВН Македонија го организираа првиот донаторски Празничен базар

BiznisPRO

Во недела во Парк – деветта традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

BiznisPRO