ЕВН со нова фотонапонска централа во Пробиштип

ЕВН Македонија Електрани ја стави во функција новата фотонапонска централа во Пробиштип со инсталирана моќност од 11MWp. Со ова, компанијата го зголемува производственото портфолио од реализирани фотонапонски системи во државата на 20 MWp.

Планираното годишно производство на новата фотоцентрала изнесува 16 GWh што во превод би значело снабдување со електрична енергија на околу 4.000 домаќинства годишно.

На настанот за одбележување на почетокот на работа на фотонапонската електрана во Пробиштип присуствуваше Управниот одбор на ЕВН Македонија на чело со г-дин Волфганг Маиер, кој изјави дека со оваа инвестиција компанијата се доближува еден чекор поблиску до својата стратешка цел за 60 MWp инсталирана моќност до 2030 година во обновливи извори на енергија.

Фотоволтаичната централа „Пробиштип“ се наоѓа во близина на село Бучиште, општина Пробиштип. Изведена е како комплекс од 3 централи со поединечни моќности од 450kWp, 950kWp и 9500kWp. Вкупно се поставени 20148 бифацијални панели со поединечна инсталирана моќност од 535 Wp, како и 42 инвертори со поединeчна моќност од 250kW. Се поврзува на дистрибутивната мрежа преку 6 распределени трафостаници.

Во функција е и новоизградената фотонапонска централа во Штип со капацитет од 4 MWp. Со постоечките капацитети годишно ќе се редуцираат 138t CO2 при производство на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе во зачувувањето на животната средина.
Инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија ќе продолжи и во 2024 година, во нови 10MWp во околината на Куманово како и 3,3 MWp во околината на Прилеп.

*MWp (мегават пик) – единица мерка на инсталирана моќност на фотонапонски панели

Можеби ќе ве интересира...

Во септември ново покачување на пензиите, а познато е кога ќе тргне исплатата за овој месец

BiznisPRO

Во Австрија паѓа инфлацијата

BiznisPRO

Браната Конско е целосно изградена: Најголемиот водостопански проект изграден во државава последниве 20 години

BiznisPRO