Фер туризам започнува со пријавен доход: УЈП со засилени активности во летната туристичка сезона

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.

Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП спроведува повеќе паралелни активности:

  • објавување практични насоки за пријавување на доходот
  • директна комуникација и поддршка за даночните обврзници
  • поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци
  • анализи на ризик и насочени контроли
  • информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите.

УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.

Истовремено Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските.

Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата.

Можеби ќе ве интересира...

НАЈГОЛЕМИОТ РЕЗЕРВОАР НА ЛИТИУМ НА СВЕТОТ Ова може да ја промени иднината на ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

BiznisPRO

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

BiznisPRO

Грција поскапува: Високи такси и скапи аранжмани за летната сезона 2025

BiznisPRO