Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.

Во извештајот се наведува дека курсот на домашната валута останува стабилен и се нотира заложбата и капацитетот на Народната банка за задржување на оваа стратегија и во следниот период. Нивото на девизните резерви е оценето како соодветно, со 4,5 милијарди евра во август годинава, при што во однос на надворешниот сектор како позитивна карактеристика се констатира и значајната улога на странските директни инвестиции во финансирањето на дефицитот на тековната сметка.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич констатира дека банкарскиот сектор е стабилен, односно добро капитализиран и ликвиден. Според Агенцијата, воведувањето на макропрудентните мерки во 2023 година доведе до понатамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор и до извесна стабилизација на растот на станбените кредити на околу 10%, како и на одредено олабавување на растот на цените на недвижнините. Зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот придонесе кон унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира...

МФ: Усвоена нова Стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава – се зајакнува законската, институционалната и оперативната рамка за откривање и борба против измами во користењето на ЕУ фондовите

BiznisPRO

Зајакната меѓународна соработка: УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање

BiznisPRO

Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата

BiznisPRO