• март 29, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ФИТР: Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“

ФИТР: Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“

Девет македонски стартап компании започнуваат со продажба на своите иновативни производи во рамките на предизвикот „Стартап Херои – Од супер идеја до супер маркет“, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со корпоративниот партнер Тинекс маркетите и поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Почнувајќи од денес, во маркетот Тинекс во трговскиот центар East Gate Mall и на девет други локации, достапни се производите на „Матриошка“ – Вајс сладолед со вино, „Евал“ која ќе продава свежи тартуфи и најразлични производи во комбинација со македонски тартуф од домашно поднебје како и микрохрана произведена со Invitro технологија – микропланта на компанијата „Плант“.

На полиците ќе се најдат и протеински крекери со намалени јаглехидрати на „Про-Фит Вис“, Chia Fresca –безалкохолен енергетски пијалок на база на чиа семе на стартапот „Кинадо“, „Скуп“ со три пакувања на премиум сладолед, „Пивара Бакрески“ со првото македонско безалкохолно крафт пиво, „Фила козметика“ со домашни козметички производи од природни состојки и „Пиволабс“ со пиво кое претставува хибрид од класична IPA со темни стилови на пиво.

„Направивме значаен исчекор во продлабочување на соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартап компаниите, за која сигурен сум дека ќе ја поттикне иновативноста и конкурентноста на македонските компании. Покажавме дека нашата држава има потенцијал и може да понуди иновативни домашни производи кои заслужуваат да го пронајдат своето место на полиците низ маркетите. Со поддршката на Фондот и корпоративните партнери, Стартап хероите имаат можност да се промовираат рамо до рамо со големите брендови, можност за пристап до нови пазари и нови купувачи. ФИТР е институција која секогаш ги поддржува иновативните компании кои имаат амбиција и потенцијал да развијат успешна бизнис приказна. На стартапите им посакувам голем успех во пласманот и продажбата на своите производи за кои се надевам дека ќе успеат да се изборат за своето место на пазарот“ изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Вкупниот буџет за предизвикот изнесуваше 7 милиони денари, од кои ФИТР обезбеди речиси шест а ИМЕ еден милион денари, со максимален износ по апликација од 600.000 денари.

Цветанка Христовска, бренд директор на Тинекс, посочи дека вклучувањето на Тинекс во овој проект кој придонесува за развојот на стартап заедницата е од големо значење за нивната компанија која континуирано ги поддржува компаниите кои се во развој и на кои им е потребна поддршка за успешно да се претстават и развијат на пазарот.

„Воведувањето на нови производи е една од најважните фази од животниот циклус на производите, а успешното лансирање на пазарот на еден нов производ претставува навистина важна основа за постигнување на успех. Најдобар начин да се постигнат добри резултати е да се примени еден веќе испробан процес, па затоа производите ќе бидат поставени на брендирани полици и соодветно видливо означени во 10 наши маркети, а покрај комерцијалното рекламирање, ќе отстапиме и место на новите форми на комуникација како што е дигиталниот и виралниот маркетинг“ додаде Христовска.

Комисијата која одлучуваше за финалниот избор се состоеше од експерти од областа на предизвикот, од областа на развој на бизнис и/или маркетинг и продажба и по еден експерт од Тинекс, ФИТР и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.
„Соработката помеѓу јавниот, корпоративниот сектор и стартап компаниите е клучна за поттикнување на култура на иновации и подобрување на стартап екосистемот во земјата. Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ поддржана од Швајцарија помага во ваквото поврзување и обезбедува експерти кои ќе ги менторираат селектираните стартап компании во финализација на производите, развој на брендот и подобрување на атрактивноста на продуктот. На пример, Програмата ИМЕ се залага за употребата на алатки за невромаркетинг, што на компаниите им помага подобро да се подготват за да станат успешни добавувачи на супермаркети како што е „Тинекс“. Директниот влез на пазарот и менторството ќе им помогнат на стартап компаниите да дојдат до побрз раст, поголема операбилност, зголемени производни портофолија и да креираат нови работни места. „Стартап Херои“ се покажа како одлична иницијатива за мобилизирање и зајакнување на поврзувањето меѓу стартапите и етаблираните бизниси. Овие први искуства можат да послужат како пример за продолжување на успешниот пристап, кој поттикнува развој на технолошки напредни и иновативни производи за домашниот и меѓународниот пазар.“ – изјави заменик амбасадорот на Швајцарската амбасада во земјава, Лусиен Аегертер.

Предизвикот „Стартап Херои“ се спроведуваше во рамките на Програмата за корпоративна иновативност на ФИТР која има за цел да ја поттикне соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартап компаниите. Предизвикот беше наменет за малите стартап компании кои веќе имаат развиено прототип на иновативен производ со потенцијал за пласман како и активности со кои ќе го подготват својот производ за успешен влез во малопродажба во маркетите Тинекс.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…