• декември 6, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на Предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции.

Добитници се: проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и антиоксидантниот потенцијал на малини и капини одгледувани во кривопаланечкиот регион” на компанијата Виламет, проектот „Challenger@Work” на компанијата Гринт ИТ, проектот „Еколошки бекатон плочки од оризови лушпи и лигнин” на компанијата Иновативност ДООЕЛ, проектот „Лама” на компанијата Кодхем ДООЕЛ и проектот „Од отпад до органска вредност” Доминос ДООЕЛ. Иновативните решенија кои ги понудија петте компании ќе овозможат развој на иновативни, климатски/чисти технологии, производи и/или процеси насочени кон ублажување или намалување на последиците од климатските промени.

“Климатските проемени се една од најголемите закани со кои се соочува човештвото, и затоа навистина сум горд што ФИТР активно се вклучува во заедничките напори на Република Северна Македонија да одговори на предизвиците на климатските промени, особено со инвестиции во ранливите сектори. Предизвикот за справување со климатски промени претставува само почеток но и конкретен чекор кој го спроведовме во насока на зајакнување на климатското финансирање во Северна Македонија, со што го поттикнавме потенцијалот на приватниот сектор да инвестира во иновативни решенија за справување со климатски промени. Но ние не застануваме тука, врз основа на неодамнешната одлука на Влада, ФИТР да биде назначена за прв национален субјект кој ќе го започне процесот на акредитација за ЗКФ, го започнавме процесот на подготовка на апликација за акредитација за Зелениот климатски фонд,. На овој начин, државата ќе може директно да пристапи до ЗКФ, со целосна сопственост во процесот на климатско финансирање и негово подобро интегрирање со националните кациски планови за клима” истакна Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили истакна дека е уверен дека поддржаните проекти на компаниите, но и сите ние – институциите, научните и граѓанските организации и приватниот сектор активно ќе се вклучиме во борбата против климатските промени.

Вкупниот буџет на повикот изнесува 7.5 милиони денари, додека Фондот обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.5 милиони денари по проект. Спроведувањето на добитните проекти може да биде до 12 месеци.

На предизвикот кој беше отворен од 14.06. до 01.09.2022 год., беа поднесени вкупно 25 проектни апликации, кои ги поминаа двете фази на претселекција и финална селекција од страна на Комисијата за оценување и избор, која ја донесе и конечната одлука за финансирање на најдобрите пет проектни апликации.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…