(ФОТО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

Телекомуникациската кула на Водно што е во завршна фаза од градбата, а има висина од 155 метри и е дваипол пати повисока од Милениумскиот крст, објави Centar.mk.

Според информациите на врвот на кулата има и ротирачки дел, кој за еден час треба да ротира за 360 степени, каде што најверојатно би бил сместен ресторан како атракција која ќе го покаже Скопје во панорамски и досега невиден изглед за туристите.

Кулата почна да се гради уште во времето на владата на Никола Груевски, во 2013-та година, Идејата на проектот беше да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции, но и да биде туристичка атракција објави Centar.mk.

Во објава на Фејсбук има и неколку видео материјали. Во еден од нив, се гледа тестирање на ротирачката платформа која вртела цел круг за околу еден час пишува Centar.mk..

фото ЦЕНТАР

Можеби ќе ве интересира...

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

BiznisPRO

Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебната година со подарок пакетчиња

BiznisPRO

Граѓаните годинава Black Friday ќе го одбележат “во кругот на семејството” – инфлацијата и скапотијата си го направија своето

BiznisPRO