Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46.617 денари, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Wizz Air рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во Светот за 2026

BiznisPRO

Прв млекомат за свежо манастирско млеко со средства од Европската Унија

BiznisPRO

УЈП со апел до македонските фирми: Роковите течат, навреме поднесете ДДВ 04 пријави!

BiznisPRO