• мај 31, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Втората годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Втората годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“

МОЌНА И ОБЕДИНЕТА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦА ЗНАЧИ СИЛНА ЕКОНОМИЈА!

„Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи“, истакна Мукаетов на Форумот.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која се одржува во Скопје од 30 до 31 мај годинава во организација на македонското Министерство за финансии и на Американската стопанска комора „AmCham“. 

Мукаетов, во рамките на панелот „Искористување на можностите од регионалната соработка и евроатлантските перспективи“, се осврна на важноста на перцепцијата на  економската реалност низ призмата на можностите, нагласувајќи ги синергичното дејствување и интеграцијата на регионот, како и клучната улога на човечкиот фактор во тој контекст.   

„Поединечно, сите сме мали, неконкурентни и помалку интересни пазари. Но гледајќи го регионот на Западен Балкан како целина, веќе зборуваме за пазар од речиси 20 милиони жители. Нам ни требаат здружувања и разни форми на соработка. Тука можеби ‘поврзаност’ би бил вистинскиот збор. Како компанија која е еден од столбовите на македонската економија, силно се залагаме за изнаоѓање разни синергии во регионот, дури изнајдовме и форми за соработка со нашите конкуренти во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина“, истакна Мукаетов.

Правејќи паралела меѓу успешноста на компаниите и националните економии, особено во високо поларизирани и политизирани општества, Мукаетов потенцираше дека бизнисите се оние кои треба да најдат начини како поефикасно да ја промовираат регионалната економска интеграција, за да се обезбеди повисоко ниво на конкурентност, а со тоа и подобар животен стандард, повеќе странски инвестиции и посветла иднина за идните генерации.

„Целта на ‘Алкалоид’ е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност. Во денешното време на брзи промени, кога вештачката интелигенција и новите технологии се масовно достапни, моќта на креативноста и иновацијата на човечкиот потенцијал добиваат сѐ поголемо значење. За жал, одливот на мозоци е голем проблем со кој се соочува целиот регион. Како компанија, ние во ‘Алкалоид’ се трудиме да ги задржиме нашите луѓе ‘дома’, постојано инвестирајќи во нивната професионална едукација, пристап до нови технологии и научни достигнувања, програми за менторство, дуално образование, разни бенефиции како за вработените така и за нивните семејства, сѐ со цел да овозможиме поквалитетен личен и професионален развој на вработените.“

Мукаетов го посочи примерот на „Алкалоид“ како една од најатрактивните компании работодавци во земјава, но и патот до таа перцепција, кој почнува од вработените во компанијата и од нејзината организациска култура.

„Децении наназад ‘Алкалоид’ покажал резилиентност и брза адаптација кон промените. Тоа е компанија градена од генерации речиси девет децении наназад. Да работиш за ‘Алкалоид’ е како да играш за ‘Реал Мадрид’. Станува збор за наследство со богата традиција, долга историја и со врвен квалитет, па потклекнувањето пред предизвиците во никој случај не смее да биде опција“, поентираше Мукаетов заокружувајќи го своето обраќање.

„Скопскиот економски и финансиски форум“ (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии, чија цел, како што истакна ресорниот министер Фатмир Бесими, е да овозможи дебата за јавните политики на релевантни регионални теми. Главен говорник и специјален гостин на настанот е истакнатиот американски професор и добитник на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман. Фокусот на настанот, кој во Скопје успеа да ги собере најпрестижните имиња од светот на економијата, бизнисот и на финансиите, е поставен на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, на отпорноста, конкурентноста и на регионалната соработка, на енергијата, зелената транзиција и на инфраструктурата, но и на двигателите на растот по кризата.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…