Тргна исплатата за “Мој ДДВ” – Од наредната година сумата на пари кои ќе им се исплаќаат на граѓаните ќе се зголемува

Во тек е исплатата на парите од повратокот на данок преку проектот Мој ДДВ. Голем број на корисници на своите сметки добија прилив, а во следниве денови исплатата ќе финализира за сите корисници.

Приливот се однесува за скенирани фискални за месеците јули,август и септември.

Можно зголемување на прагот на повратот на ДДВ

Директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на МТВ во средата, рече дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталниот од 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

-Не треба да останеме на повратот од 2.100 денари, туку може од наредната година постепено да го зголемуваме, рече Лукаревска.

Сите показатели што произлегуваат од овој четиригодишен период укажуваат дека мерката „МојДДВ“ е добро дизајнирана и позитивно прифатена од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира...

Во изминатото деноноќие произведени се 12.879 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Доаѓаат нови пари за пензионерите и загрозените – Еве кога ќе биде исплатена финансиската помош!

BiznisPRO

Добра вест: Владата донесе одлука за предвремена исплата на пензиите, еве од кога

BiznisPRO