Германската државна банка продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком

ГЕРМАНСКАТА државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на капиталот во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа.

Акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во Дојче Телеком од 2,2 отсто, се наведува во соопштението на KfW објавено во понеделникот вечерта. Цената на акциите на Дојче Телеком беше 22,64 евра на крајот од вчерашното тргување на берзата.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП објави листа на должници со ИМИЊА на фирми и луѓе – еве кој колку должи за данок

BiznisPRO

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки – УЈП напиша над 2.500 казни

BiznisPRO

Лидл го купи објектот “Бриколаж”

BiznisPRO