• ноември 10, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Германците ова не го виделе повеќе од една деценија: Цената на становите почнува да паѓа, дали може да очекуваме драстично поевтинување и кај нас?

Германците ова не го виделе повеќе од една деценија: Цената на становите почнува да паѓа, дали може да очекуваме драстично поевтинување и кај нас?

Според проценките на хипотекарните банки, цената на станбените недвижности во Германија паднала за прв пат од 2010 година, но во исто време е забележан и пораст на цената на новите договори за изнајмување станови.

Цените на становите и куќите паднаа за 0,7 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, покажува индексот на цените на недвижностите, објавен од Здружението на хипотекарни банки (вдп), пренесува ДПА.

Трендот на раст на цените на недвижностите, кој траеше повеќе од 12 години, заврши, според Јенс Толкмит, извршен директор на vdp.

И додека користените станбени недвижности благо поскапеа, цените на становите во повеќесемејните згради паднаа за речиси два отсто. Индексот на здружението, кое ги собира најважните германски финансиери за недвижнини, се базира на податоци за работењето на повеќе од 700 банки.

Во седумте најголеми германски метрополи становите и куќите поевтинија во просек за 0,7 отсто, како и на целиот пазар. Додека цените во Берлин останаа приближно исти како во вториот квартал (минус 0,1 отсто), во другите големи градови паднаа помеѓу 0,6 отсто (Келн) и 1,5 отсто (Минхен).

Но, во однос на третиот квартал од минатата година, станбените недвижности сепак поскапеа за 6,1 отсто. Здружението вдп во вториот квартал забележа плус од 10,7 отсто на годишна основа.

Затоа здружението очекува „умерено намалување на цените“ за цела година. Сепак, пазарот на недвижности отсекогаш се покажувал како многу издржлив и во услови на криза, па затоа не треба да очекуваме големи промени во цените.

Но, во исто време кога експлозијата на цените на недвижностите слабее, трендот е спротивен кај новите договори за изнајмување станови. Цените на закупнините на становите се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво, а за 1,6 отсто во однос на вториот квартал годинава.

Големата побарувачка за станови за кирија се коси со немањето згради, падот на новоградбите, а причина се и бројните бегалци од Украина кои издаваат станови.

Покрај тоа, има луѓе кои всушност се заинтересирани да купат стан, но чиј сон да поседуваат сопствен дом во моментов е во мирување поради инфлацијата и високите каматни стапки, објасни Толкмит.

 

ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ Е НАПУМПАНА И МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА СИЛЕН ПАД

Цената на квадрат стан во Скопје изминативе месеци драстично скокна, па речиси е невозможно да се најде стан под 1400 евра за квадрат. Но според познавачите на овој надуен балон му се гледа крајот, а како една од клучните работи за силен пад на цената на станбениот простор во Скопје е и тоа што зјаат празни илјадници станови, а граѓаните полека своите планирани средства за недвижности ги пренасочуваат во странство или во помалите градови.

 

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…