Германците се повеќе штедат

И покрај благото подобрување на расположението, германските потрошувачи се уште се песимисти и не сакаат да трошат пари.

Ова е заклучокот од објавеното истражување на германската агенција за истражување на пазарот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Индексот на расположението на потрошувачите за февруари благо порасна од минус 29,6 поени во јануари на минус 29 поени, се наведува на веб-страницата на агенцијата GfK.

„Постои голема неизвесност меѓу потрошувачите во Германија“, објаснува Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Тој изјави дека Германија се уште чека економско закрепнување.

Потрошувачите очекуваат во иднина да им се зголемат приходите, што е подобрување од јануари, но не се расположени за трошење туку за заштеда.

Подиндексот што ја мери склоноста кон штедење се зголеми од 14 поени во јануари на 17,4 поени, што е највисока вредност од јуни 2008 година.

Расположението на германските потрошувачи веројатно нема значително да се подобри во блиска иднина, се заклучува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на нафтата, дури и ако го намалиме производството

BiznisPRO

Стотици бензински пумпи во Германија на работ на банкрот, луѓето масовно купуваат гориво во Полска

BiznisPRO

Дубаи започнува со летечко такси услуга до 2026 година

BiznisPRO