Ги има четири во Западна Европа: Ова се 10-те НАЈСКАПИ ГРАДОВИ во светот

Сингапур и Цирих се најскапите градови во светот оваа година, покажа Економист Интелигенс Унит (ЕИУ), истражувачки и аналитички огранок на Економист Груп, откриен во нејзиното глобално истражување за трошоците на животот објавено оваа недела.

Сингапур ја задржа својата позиција на најскап град во светот по деветти пат во последните 11 години, има најголеми транспортни трошоци во светот, а исто така е еден од најскапите за облека, намирници и алкохол, според истражувањето.

Цирих се искачи од шестото место и се изедначи со Сингапур поради зголемените цени на храната, производите за домаќинство и рекреативните производи, како и швајцарскиот франк. Њујорк падна на третото место, изедначено со Женева, додека Хонг Конг беше петти. Париз, Копенхаген, Лос Анџелес, Сан Франциско и Тел Авив ги заокружија првите десет.

Истражувањето е спроведено пред минатомесечната ескалација на непријателствата во Газа, се вели во извештајот.

Западна Европа дава четири од десетте најскапи градови поради високата инфлација, особено храната и облеката, покажа истражувањето. Најголемите руски градови, Москва и Санкт Петербург, паднаа на рангирањето поради санкциите поврзани со Украина и курсот на рубљата.

Истражувањето ги анализирало цените на повеќе од 200 стоки и услуги во 173 големи градови. Во просек, цените во сите категории пораснале за 7,4% во однос на минатата година во локална валута, покажа истражувањето. Ова беше под рекордниот скок од 8,1% забележан минатата година, но значително поголем од претходните пет години. Се чини дека цените на комуналните услуги во повеќето градови пораснаа со најбавно темпо во изминатата година, додека цените на прехранбените производи забележаа најголем раст – пишува Политика.

Вака изгледаше минатата година:

Њујорк (САД)

Сингапур (Сингапур)

Тел Авив (Израел)

Хонг Конг (Кина)

Лос Анџелес (САД)

Цирих (Швајцарија)

Женева (Швајцарија)

Сан Франциско (САД)

Париз, Франција)

Копенхаген (Данска)

Можеби ќе ве интересира...

Бизнисот, науката и „Еразмус за млади претприемачи“ се обединуваат за  зајакнување на претприемачки екосистем

BiznisPRO

Се зголемува бројот на банкроти во Германија: Дури 22 отсто повеќе банкроти отколку во истиот месец лани

BiznisPRO

Потпретседателот на Европската централна банка: Еврозоната можеби падна во рецесија

BiznisPRO