• ноември 19, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Бизнисот, науката и „Еразмус за млади претприемачи“ се обединуваат за  зајакнување на претприемачки екосистем

Бизнисот, науката и „Еразмус за млади претприемачи“ се обединуваат за  зајакнување на претприемачки екосистем

Во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел зајакнувањето на претприемачкиот и иновацискиот екосистем во земјата и обезбедување на поддршка во развојот на младите претприемачи преку користењето на можностите на програмата Еразмус за млади претприемачи, која е една од клучните иницијативи на Европската Унија (ЕУ).

Проектот Еразмус за млади претприемачи нуди можност за меѓународна соработка меѓу нови и искусни претприемачи. Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, претседател на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење веќе две години успешно го води проектот во нашата земја.

„Проектот се базира на соработка меѓу помалку искусен со поискусен претприемач низ цела Европа, каде преку директна секојдневна работа младите претприемачи имаат можност да ги зајакнуваат своите претприемачки вештини и знаења, со цел да ги применат при започнување и понатамошно водење на успешни сопствени бизниси. НЦРИПУ им помага на младите претприемачи од нашата држава да најдат соодветен претприемач – ментор во некоја од европските земји каде би сакале да поминат одреден период на учење, но и на нашите искусни претприемачи да го зајакнат сопствениот бизнис преку меѓународна соработка со тоа што кај нас ќе примат млад претприемач на пракса и менторирање од некоја од европските земји“, истакна проф. д-р Поленаковиќ потецирајќи дека преку проектот се покриваат трошоците за престој во траење до три месеци согласно правилата на програмата.

Претприемачкиот екосистем вклучува бројни елементи, но клучниот недостаток е неискористување на можностите кои се нудат како што е поддршката на ЕУ преку иницијативи како Еразмус за млади претприемачи. Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски, континуирано го поддржува и придонесува во развојот на иновацискиот и претприемничкиот екосистем во нашата земја.

„Улогата на Сојузот е да придонесе за економска стабилност и раст и развој на целото општество преку застапување на интересите на компаниите, нивна промоција, вмрежување и остварување нови контакти. Ваквите проекти се од големо значење за остварување на нашите цели. Со учество во проектот „Еразмус за млади претприемачи“, нашите компании имаат можност да бидат дел од голема европска база на компании и да ги зајакнат своите контакти. Дополнително, пренесувањето на искуства и размена на идеи со млади и амбициозни претприемачи од европските земји придонесува за проширување и подобрување на бизнисот“, истакнува Ангелоски потенцирајќи дека заеднича цел е да регрутираме и поврземе млади претприемачи од Европа со искусни претприемачи, компании-членки на ССКМ, како и да ја стимулираме и поддржуваме мобилноста на младите претприемачи од нашата земја низ Европа.

Овие процеси ќе дадат значаен придонес за зајакнување на домашниот претприемачки и иновациски екосистем. Преку учеството во оваа програма се потврдува заложбата за членство во ЕУ и присуството на заедничкиот европски пазар.

 

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…