• ноември 24, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Главниот економист Крстевска на Конференција на М6 „Чекор напред“: Разликата меѓу нашата инфлација и ЕУ инфлацијата е одраз на домашни структурни фактори

Главниот економист Крстевска на Конференција на М6 „Чекор напред“: Разликата меѓу нашата инфлација и ЕУ инфлацијата е одраз на домашни структурни фактори

„Глобален шок ги погодува сите економии, но домашните структурни фактори во секоја од економиите диктираат за интензитетот на инфлацијата“ потенцира главниот економист Крстевска, додавајќи „Увозната зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Отвореноста и увозната зависност се одразуваат на увозот и неговата структурата, понатаму на структурата на потрошувачката и следствено на домашните цени. Овие структурни фактори во голема мера ја објаснуваат разликата меѓу домашната инфлација и инфлацијата во еврозоната“, истакна Анета Крстевска, главен економист на Народната банка, која ги презентираше најновите макроекономски проекции пред бизнис заедницата, на конференција „М6 Чекор Напред – Македонската економија во двоен шок – каде се движиме“.

Таа истакна дека продолжената ескалација на геополитичките тензии создадени со воената инвазија врз Украина, во услови кога се уште светот трпи последици од пандемијата, придонесоа кон влошување на глобалниот амбиент, неповолно делуваа на економските изгледи и создадоа дополнителни притисоци врз светските цени на основните производи. Централните банки ширум светот одговорија со затегнување на монетарната политика поради засилениот и подолготраен раст на инфлацијата во светски рамки, што се одразува на условите за финансирање.

„Глобалните движења се одразија и врз домашната економија, преку понизок раст споредено со априлските проекции. Инфлацијата за оваа година е ревидирана нагоре, со оглед на повисоките досегашни остварувања, но битно е да се нагласи дека следната година се очекува забавување на стапката на инфлација, која ќе изнесува 8–9 % во 2023 година, при постепено стивнување на ценовните притисоци од увозните цени, субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија и затегнувањето на монетарните услови“. Крстевска потенцира дека инфлацијата согласно проекциите на Народната банка, ќе продолжи да се стабилизира, сведувајќи се на нивото од 2,4 % и 2% во 2024 и 2025 година.

Пред бизнис заедницата беа објаснети сите досега преземени мерки од страна на Народната банка во однос на инфлацијата, преку повеќе инструменти. Воедно, беше нагласено дека пристапот на постепено, но континуирано затегнување на монетарната политика, веќе дава ефекти на одредени пунктови, а се очекува ефектите да продолжат, во обем во кој тоа е можно при ваков тип на инфлација – инфлација на трошоци. „Народната банка е одлучна во справувањето со инфлацијата и инфлaциските притисоци, имајќи предвид дека ценовната стабилност е основен предуслов за економски раст“ – заклучи Крстевска.

На одржаната конференција реализирана во рамки на проектот „М6 Чекор напред“, се дискутираше за краткорочните и среднорочните предизвици на македонската економија, од страна на претставници на институциите и на бизнис секторот.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…