Голем раст на платите во Германија

Работниците во Германија постигнале историски раст на реалната заработка минатата година, објави во средата националната статистичка служба.

Според статистичката служба просечниот раст на реалната бруто заработка во земјата беше 3,1 отсто, што е повисоко од кога било откако Дестатис ја следи таа категорија.

Податоците велат дека платите се зголемија за 5,4 отсто, а инфлацијата се намали на 2,3 отсто. Ова се должи на колективните договори и големите бонуси за ублажување на ефектите од силната инфлација од претходните две години.

Сепак, според пресметките на фондацијата Ханс Беклер, пријателска на синдикатот, растот на платите сè уште не ја компензира инфлаторната загуба од 2020-23 година.

Платите според истражувањата сепак имаа помала куповна моќ отколку во 2019 година.

Можеби ќе ве интересира...

Банка по грешка му платила на клиентот 81 милијарда наместо 280 долари!

BiznisPRO

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

BiznisPRO

Биткоинот порасна на околу 83.625 долари

BiznisPRO