Фото Бизниспро / JS images

Готово е: Минималецот се зголемува за 1.800 денари, а пензиите за 2.500 денари

Одлуката за повисок минималец за околу 1.800 денари, односно од сегашните 22.560 на 24.400 денари ќе биде помине на Влада.

Ова доаѓа откако синдикатите и работниците побараа минималец од 500 евра, но бизнисот тоа не го прифати.

Власта остава простор бизнисот и синдикатите да се договорат и во иднина да има некакво покачување на минималецот, но засега работниците ќе мора да се задоволат со ова минимално покачување.

Но затоа пак пензионерите ќе “лапнат” нови 2.500 денари покачување, после она во минатиот септември, па така пензијата за март која се очекува да биде исплатена на почетокот на април ќе биде посолена за 2.500 денари повеќе.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е кога доаѓа исплатата на јулските пензии

BiznisPRO

РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО ЈУЛИ 2025: Споредбено со јули лани се бележи зголемување од 4.8 %, додека цените на мало скокнале за 5,3%

BiznisPRO

Мекдоналдс изгуби уште еден случај

BiznisPRO