Грција / фото Бизниспро

Грција избегна рецесија

Во четвртиот квартал од 2023 година, грчката економија порасна за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал.

На овој начин избегна техничка рецесија по падот од 0,1 отсто во третиот квартал од минатата година, објави денеска грчкиот статистички институт ЕЛСТАТ.

Потрошувачката на домаќинствата квартално се зголемила за 1,8 отсто, а државната за 2,7 отсто, и во двата случаи со значително побрзо темпо отколку во третиот квартал, објави ЕЛСТАТ на својата веб-страница.

Во четвртиот квартал од 2023 година грчкиот извоз порасна за 2,1 отсто, додека увозот стагнира во однос на третиот квартал.

Можеби ќе ве интересира...

Еве ја курсната листа за сабота 19.10.2024

BiznisPRO

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

BiznisPRO

Цената на нафтата на светскиот пазар расте

BiznisPRO