Halk EZ – банкарски пакет со музички идентитет кој ги одразува темпераментот и бунтовноста на младите

Музиката е составен дел од секојдневието на младите денес. Без разлика дали се на работа, учат во библиотека, седат во кафуле, патуваат на викенд, тие речиси никаде не одат без своите слушалки за да можат во секој момент да уживаат во звуците на омилените музички жанрови. Токму затоа, новиот банкарски пакет за млади Halk EZ, покрај визуелниот, разви и свој музички идентитет и брендинг. Станува збор за нумерата EZ Generation што ја креираше српскиот диџеј и продуцент Andrew Meller.

„Работев на дизајн на звук кој би одговарал на карактеристиките и животниот стил на една генерација. Со цел да дојдам до најдобар резултат, спроведов цело истражување какви треба да бидат бојата и тонот на тој звук. Кога го креирав и го слушав бесконечно долго во loop, ми дојде идеја дека од него можам да развијам цела песна. Во песната се содржани повеќе под-жанрови помеѓу кои настана фузија која звучи како целина. Исто така добив ефект на певливост и веднаш ја тестирав во клуб пред младите и помина феноменално. Најважната работа кога креирате вакво нешто е и од другата страна да имате разбирање и да делите иста визија што во случајов со тимот на Халкбанк го постигнавме на уметничко ниво“, вели продуцентот Andrew Meller.

Идејата е музичката нумера EZ Generation да биде составен дел од сите активности кои Халкбанк ќе ги спроведува за пакетот за млади Halk EZ. Станува збор за поинаков пакет кој покрај банкарски услуги, на младите на возраст од 16 до 24 години, ќе им понуди и платформа за едукација, дружење, вмрежување и забава.

„Нашата цел е на сите млади корисници да им понудиме пакет кој е прилагоден на нивниот начин на живот. Но, како тим одлучивме дека за да им се доближиме на младите, мора да креираме поинакво искуство кое нема да биде врзано исклучиво за банкарски и финансиски услуги. Затоа пакетот Halk EZ доби свој музички брендинг, како и креативен идентитет чиј носечки симбол е фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје. Дополнително, преку Halk EZ, младите ќе имаат можност да добијат финансиска едукација, како и пристап до голем број културно – забавни содржини“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи и сите млади луѓе кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPaySmartSendSmartCash.

Можеби ќе ве интересира...

Off-road ритамот на џезот на интимна средба со возбудливиот Defender

BiznisPRO

Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

BiznisPRO

СЕ ОДРЖА ПРВАТА РЕГИОНАЛНA КОНФЕРЕНЦИЈА ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА BECUTAN „РОДИТЕЛСТВОТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС“

BiznisPRO