Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

При изборот на банка, одлучувате за многу повеќе од само избирање на место каде што ќе ги чувате вашите финансии. Избирате партнер кој ќе биде ваш вистински пријател и долгорочен  поддржувач. Банката што ќе ја изберете денес може да игра клучна улога во обликувањето на финансиската иднина на вашето дете. Затоа, одберете банка која нуди финансиски пакети и решенија за сите генерации, олеснувајќи го секојдневието при извршувањето на едноставни финансиски трансакции и притоа внимавајќи на корпоративната општествена одговорност.

Избирањето банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на развојот на младите е клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. На младите покрај тоа што им е потребно да имаат безбедно место за своите финансии, потребно им е и да се стекнат со знаења и вештини со кои ќе се подготват за животните предизвици што се пред нив. Денешните млади генерации се технолошки писмени, па затоа тие преферираат банка што нуди модерни дигитални услуги. 

Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов банкарски пакет Halk EZ, кој што е прилагоден на стилот и животните навики на еден современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) претставува иновативен банкарски пакет што нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash. Пакетот е креиран за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци и млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно-забавни настани и активности, како и корисни општествено-одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина.

Halk EZ има и посебна брендинг приказна чиј главен мотив е фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, како локација која со генерации претставува синоним за дружење и социјализација на младите. Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.

Можеби ќе ве интересира...

Реплек со раст на приходите од продажба од 20% во првата половина од 2024

BiznisPRO

30 ГОДИНИ ДАНСКИ КОНЗУЛАТ И ОРДЕН ВИТЕЗ ОД ПРВА КЛАСА НА РЕДОТ НА ДАНСКОТО ЗНАМЕ ЗА МУКАЕТОВ

BiznisPRO

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

BiznisPRO