Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ

Халкбанк преку платформата за млади – Halk EZ, го поддржа одржувањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на кој присуствуваа илјадници бруцоши од сите факултети. Настанот започна со свечена церемонија и заврши со традиционалната вечерна забава на платото на УКИМ. 

Студентите на влезот на комплексот факултети на УКИМ овојпат ги пречека и новиот HalkEZ мурал кој беше изработен од страна на уметниците Ана Трајковска и Ивана Самандова. Муралот е инспириран од визуелниот идентитет на платформата за млади на Халкбанк, каде што централно место зазема фонтаната Лотос како симбол на дружење, заедништво и солидарност на многу генерации млади. Со испишаната моќна порака „Успехот почнува на УКИМ“, муралот не само што ги инспирира студентите, туку и ги мотивира да се стремат кон успех во своите студии.

„Halk EZ, освен што ја претставува нашата финансиска понуда наменета за младите, таа претставува и платформа преку која ги поддржуваме и им се доближуваме на овие генерации. Преку оваа платформа сакаме и се трудиме да работиме на отворање и решавање на многу теми од кои младите се засегнати во нивната сегашност. Им се приближуваме, ги слушаме и им даваме простор за изнесување на нивните ставови поврзани со културата, едукацијата, финансиите, општеството, социјализацијата…. Заедно со нив, целиме кон тоа да создадеме заедница која ќе биде едуцирана, која ќе ги знае вистинските вредности и ќе се чувствува моќно, која ќе биде мотивирана и охрабрена да го гради и изнесува својот став.“, истакна Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Првиот академски ден на УКИМ заврши со богата музичка програма, која ја одбележа енергијата и креативниот дух на младите студенти. Преку оваа платформа, Халкбанк уште еднаш покажа дека е вистински партнер на младите, поддржувајќи ги не само финансиски, туку и во нивниот личен и професионален развој.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.

Можеби ќе ве интересира...

Со Авто-осигурувањето се заштитувате себеси како возач, семејството или сопатниците, но со полисата и другите учесници во сообраќајот

BiznisPRO

Како да ги реактивирате гените на младоста, и вашата кожа на лицето да изгледа неколку години помлада?

BiznisPRO

Pazar3.mk со нови Android и iOS Мобилни Апликации

BiznisPRO