Халкбанк ја доби наградата „STP AWARD 2023“ од Комерцбанк

Халкбанк АД Скопје е добитник на „STP AWARD 2023“ – награда за извонредност во испораката на комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во текот на 2023 година. Оваа престижно признание го доделува Комерцбанк, една од водечките меѓународни деловни банки во Европа.
Клучни критериуми за добивање на оваа награда, што се доделува на внимателно селектиран број деловни банки, се вкупниот број на успешно извршени трансакции и високото ниво на прецизност и усогласеност на СВИФТ пораките со меѓународните стандарди.

Халкбанк посветено работи на обезбедување на висок степен на ефикасност и прецизност во обработката на плаќањата, што е препознаено и наградено од страна на Комерцбанк.

Преку континуирани инвестиции во обука и размена на знаења со светски реномирани финансиски институции, Халкбанк се стреми да ги унапредува услугите што ги нуди на своите клиенти, како и да воведува нови и иновативни.

Можеби ќе ве интересира...

Судскиот совет одлучи Обвинителството да го преземе случајот во кој од Македонски телеком Фокуснет од Штип бара 4 милиони евра

BiznisPRO

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

BiznisPRO

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

BiznisPRO