Халки Поткаст – простор за развој на родителите и децата

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.

Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.

Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:

  • Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?
  • Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?
  • Како да се справите со детските емоции?
  • Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?

Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.

„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.

Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.

Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!

Можеби ќе ве интересира...

Државата ќе дели од 250 илјади за едно, 500.000 за две или до 750 илјади денари за вработување на три невработени лица

BiznisPRO

Како се станува генерален менаџер на реномирана компанија од областа на транспортната индустрија во САД

BiznisPRO

Убава вест: Поевтинуваат горивата

BiznisPRO