Во јануари повеќе туристи од истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јануари 2025 година изнесува 106 894, од кои 42.5 % се од домашните туристи, a 57.5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е зголемен за 4.4 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.8 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 7.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.5 %.

Можеби ќе ве интересира...

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

BiznisPRO

Колку ќе вреди доларот, а колку еврото во петок? – Курсна листа за 24 јануари 2025

BiznisPRO

Струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

BiznisPRO