„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

xnula.mk е новата е-продавница специјализирана за продажба на апарати за домаќинство и фитнес опрема од реномирани и светски познати брендови.

Доколку сакате брзо, безбедно и едноставно онлајн купување, кое ќе ви ги донесе најпосакуваните брендови директно до вашиот дом, и притоа ќе ви заштеди време, новата онлајн дестинација xnula.mk, ги нуди сите предности на онлајн купувањето. Тука ќе ги најдете сите детали за производите, услугите и тековните промоции, за уникатно корисничко искуство.

„xnula.mk е официјален увозник на Dyson и ги нуди сите новитети и иновативни решенија за вашиот дом. За прв пат во Македонија, ексклузивно во понудата се достапни и брендовите Ninja и Shark како и новитети од Yesoul и Ovicx – водечки брендови за фитнес опрема кои инспирираат здрав и активен животен стил. Наскоро, ќе се приклучат и брендовите Roborock и Dreame, кои ќе ја заокружат нашата палета со напредни решенија за одржување на хигиената во вашиот дом“ – истакнуваат од xnula.mk.

Од аспект на услугата, од xnula.mk се водат од трите основни вредности:
• Комфор и практичност при купувањето, со брза и бесплатна достава до сите дестинации во Македонија.
• Сигурност и гаранција, преку безбедни начини на плаќање и поддршка по продажбата, со гаранција за сите производи и достапност на резервни делови.
• Премиум брендови и квалитет: пристап до производи кои се одбрани за да ги задоволат највисоките стандарди во современиот животен стил.

Од xnula.mk веруваат дека купувањето треба да биде лесно, безбедно и пријатно – со врвен квалитет, грижа за клиентот и удобност. Нивната мисија е да постават нови стандарди за онлајн шопинг во Македонија и да изградат платформа што ќе се развива и понатаму, следејќи ги најновите трендови.

Откријте го светот на напредната технологија и фитнес опрема, која отсега ви е на дофат, брзо и едноставно на xnula.mk .

Можеби ќе ве интересира...

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

BiznisPRO

Девизен курс за 8-ми март

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO