Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

Во споредба со претходниот квартал, цените паднаа во две земји-членки, останаа стабилни во една, а пораснаа во дваесет и три земји-членки.

Новите податоци за движењето на цените на недвижностите во Европската унија во вториот квартал од 2024 година покажаа дека Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите. Имено, станува збор за податоците за вториот квартал годинава во однос на првиот квартал. Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2024 година, цените на недвижностите се зголемени за 1,3% во еврозоната и за 2,9% во ЕУ во однос на истиот квартал од претходната година. Споредено со првиот квартал од 2024 година, цените на недвижностите пораснале за 1,8% во еврозоната и за 1,9% во ЕУ.

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, шест покажаа годишен пад на цените на куќите во вториот квартал од 2024 година, а дваесет покажаа годишен пораст. Најголем пад е забележан во Луксембург (-8,3%), Финска (-4,8%) и Франција (-4,6%), додека најголем пораст е забележан во Полска (+17,7%), Бугарија (+ 15,1%), Литванија ( +10,4%) и Хрватска (+10,0%).

Во однос на претходниот квартал, цените паднаа во две земји-членки, останаа стабилни во една (Унгарија), а се зголемија во дваесет и три земји-членки. Пад е забележан во Франција и Белгија (двете -0,2%), додека најголем пораст е забележан во Хрватска (+4,3%), Португалија (+3,9%) и Шпанија (+3,6%).

Можеби ќе ве интересира...

Тргнаа летовите на авиолинијата Амстердам-Скопје-Амстердам

BiznisPRO

Државата го забрани iPhone 16, а еве ја причината

BiznisPRO

4iG основа компанија во земјава – Дали ќе биде трет оператор за мобилни услуги во Северна Македонија?

BiznisPRO