Во Хрватска од денеска стапи во сила новата владина уредба за максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Бензинот поевтинува за пет евроценти и чини најмногу 1,56 евра за литар, додека дизелот поевтинува за три центи, на 1,82 евра за литар.
Цената на таканаречениот син дизел е намалена за шест центи, на 1,32 евра за литар. Поевтинува и течниот нафтен гас, а новата пресметка ќе важи седум дена.
Хрватската Влада соопшти дека продолжува со регулирањето на највисоките цени на горивата. Иако истовремено се зголемени одредени акцизи, конечните максимални продажни цени се пониски од претходната недела.
