фото jannonivergall / pixabay

Хрватското индустриско производство падна

Хрватското индустриско производство во јануари падна за 1,3 отсто на годишно ниво, објави денеска на својата веб-страница Хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС).

Во декември претходно во Хрватска беше забележан пад на индустриското производство за 0,9 отсто на годишно ниво.

Најголем годишен пад на производството во јануари е забележан во категориите Рударство и вадење од 3,9 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 3,6 отсто, Преработувачка индустрија за 0,6 отсто.

За разлика од нив, производството на кокс и рафинирани нафтени деривати се зголемило на годишно ниво за дури 124,3 отсто. Индустриското производство во Хрватска во јануари не се промени на месечна основа.

Бројот на вработени во хрватската индустрија во јануари е намален за 2,4 отсто во однос на истиот месец лани.

Можеби ќе ве интересира...

Девизните резерви пораснале за 99 милиони евра

BiznisPRO

Годишната стапка на инфлација во САД во февруари неочекувано се искачи на 3,2 отсто

BiznisPRO

По четврти пат зголемена минималната плата во Грција: Од 1 април минималната плата ќе биде 830 евра

BiznisPRO