Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 96.5.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 3.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 5.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 22.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

Значителен пад на цените на горивата – еве ги новите цени

BiznisPRO

Како преживуваат пензионерите со ниски пензии?

BiznisPRO

Курсна листа за 22.02.2025

BiznisPRO