Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.6 %, а пониски на годишно ниво за 2.9 %.
Во јануари 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.5 %, а повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.7 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.6 %.
Во јануари 2024, во споредба со јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.6 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината се повисоки за 1.8 %.