Индекси на прометот во секторот трговија за јануари 2025 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во јануари 2025 година, во споредба со јануари 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 2.2 %, а реално опаѓа за 3.4 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 5.1 %, а реално за 2.1 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 3.7 %, а реално опаѓа за 0.7 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена номинално за 2.8 %, а реално за 1.7 %.

Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021 = 100. Сите индекси што се објавени претходно со базата 2015 = 100 се преработени со новата базна година и објавени во базата MакСтат.

Можеби ќе ве интересира...

Wizzair најави три нови авио рути од Скопје

BiznisPRO

Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно

BiznisPRO

УЈП со важно известување до фирмите

BiznisPRO